Search

Го има еден од најдобрите бракови во Холивуд, била најголемата природна убавица меѓу ангелите на „Victoria’s Secret“, а 20 години подоцна – малкумина ја препознаваат

Реа Дурам некогаш важеше за една од најубавите американки манекенки, а денес може да се слушне дека припаѓа во редот на супермодели кои никогаш не добиле заслужено признание, иако поставиле стандарди во светот на моделингот.

Таа красела многубројни насловни страници на едни од најпрестижните модни магазини, прошетала по модните писти на сите луксузни брендови, а била и еден од првите ангели на „Victoria’s Secret“.

Оваа дама неодамна го прославила 43-от роденден, а денес живее далеку од модната писта иако сè уште делува гламурозно и поради својот сопруг Марк Волберг кој е холивудски актер и на кој таа често му прави друштво на црвениот тепих.

Волберг на својата сопруга ѝ го честитал роденденот и на социјалните мрежи со едноставна, но емотивна порака:

„Среќен роденден на мојата сопруга Реа која не само што изгледа прекрасно, туку и тоа најважното – неверојатна мајка е на нашите четири деца. Те сакам душо“, напишал 50-годишниот актер.

Инаку, парот е заедно две децении, од 2001 година и важат за еден од најскладните парови во светот на шоубизнисот.

„Многу ѝ должам на својата сопруга. Ми помогна да станам човек каков што сум денес и создаде убав живот за мене и за нашите деца. Знам и дека ме сака ваков каков што сум и можам да ѝ верувам. Додека не ја запознав нејзе, не сакав брак“, изјавил своевремено Волберг.

Инаку, Реа се повлече од светот на моделингот пред неколку години, па се посвети на мајчинството и семејниот живот.

Дека четирите бремености оставиле трага на нејзиното тело покажуваат и папарацо фотографиите од плажа – неколку килограми вишок и целулит.

 

Треба да знаете
Последни објави