Search

„Били Џин“ – трета песна од 80-те со над милијарда прегледи на Јутјуб

Песната „Били Џин“  на Мајкл Џексон собра повеќе од милијарда прегледи на Јутјуб, со што стана третата песна од 80-тите години на минатиот век на која тоа ѝ успеало.

Објавен во 1983 година на „MTV“, спотот во режија на Стив Барон во кој Џексон со својот танц го осветлува тротоарот по кој шета, оваа година просечно имал по 600.000 прегледи на ден.

Од музичарите од 80-те, границата од милијарда прегледи ја имаат поминато само „Guns N ‘Roses“ со „Sweet Child O’Mine“ од 1988 година и групата „А-ha“ со „Take On Me“ од 1984 година.

Песната „Били Џин“, која ја напиша Џексон, а ја продуцираше славниот Квинси Џонс, е наградена со две Греми награди.

Песната „Thriller“, по која е наречен албумот со тие две песни исто така се приближува до милијарда прегледи – во моментов има 765 милиони.

Според податоците на веб-страницата „statista.com“, најмногу прегледи на Јутјуб има детската песна „Baby Shark“ – дури 8,8 милијарди, а по неа следат „Despacito“ на Луис Фонси со 7,2 милијарди и „Shape of You“ на Ед Ширан со 5,3 милијарди.

Треба да знаете
Последни објави