Search

Џеј Зи тужи фотограф затоа што продава негови фотографии без дозвола

Џеј Зи покрена тужба против фотограф кој продавал фотографии од него без претходно одобрување.

Хитмејкерот, чие вистинско име е Шон Картер, го ангажираше Џонатан Менион во средината на 90-тите и тој направи стотици фотографии од раперот, вклучувајќи ја иконската фотографија во костум и капа со цигара што беше на каверот на неговиот деби-албум од 1996 година, Reasonable Doubt („Разумен сомнеж“).

Сепак, Џеј сега презеде правни дејствија затоа што, иако фотографот бил платен за неговата работа, раперот никогаш не му дал дозвола да препродава ниту една од фотографиите.

Според документите до кои дојде магазинот „Ролинг стоун“, „Џеј Зи не го овластил Менион да го користи неговото име, изглед, идентитет или личност за каква било цел. Менион нема законско право да ги продава фотогрфиите.“

Треба да знаете
Последни објави