Search

(Видео) Ѓоковиќ на спектакуларен начин го прослави триумфот на Ролан Гарос

Како и претходните големи успеси, така и овој на тенискиот гренд-слем турнир Роланд Гарос, првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ го одбележа пред неговиот ресторанот во друштво на неговите родители, пријатели и симапаизери. Спектакуларниот огномет и забавата беше зачинета со жива музика.

Ѓоковиќ пристигна во Србија откако победи на Ролан Гарос, совладувајќи го финалето Стефанос Циципас со пресврт по водството од 2:0 во сетови за грчкиот тенисер  6:7 (6), 2: 6, 6: 3, 6: 2, 6: 4. За Ѓоковиоќ ова беше 19. гренд-слем трофеј, и сега има само еден помалку во кариерата од своите најголеми ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Српскиот тенисер е зад водечкиот двоец според освоени гренд-слем трофеи, но е убедливо прв по заработка во досегашната кариера. Ѓоковиќ е најбогатиот тенисер во историјата на „белиот“ спорт. Ѓоковиќ во својата кариера досега заработи неверојатни 123.688.000 долари, а само со освојување на титулата на Ролан Гарос инкасираше 1,4 милиони евра. Второрангиран е Роџер Федерер, кој заработил 107.512.000 долари, а трет е  Надал, кој има инкасирано 103.165.000 дпчари во својата кариера.

 

Треба да знаете
Последни објави