Search

Лечиќ нема гајле за обвинувањата за силување, снимен со нова девојка

Српскиот актер Бранислав Лечиќ, кој се соочува со обвиненија за силување и сексуално вознемирување, е снимен на романтична вечера во Белград со неговата нова девојка.

Лечиќ и непознатата бринета уживале на вечерата со пиво, по што, држејќи се за раце, тргнале во правец на неговиот стан.

Потсетуваме, актерките Мерима Исаковиќ и Данијела Штајнфелд го обвинија Лечиќ за силување. Мерима подоцна изјави дека и други девојки ја контактирале и и рекле дека обвинетиот актер им приоѓал на разни непристојни начини и дека таа ќе сведочи пред Обвинителството против него, но тие не сакале да го соопштат својот идентитет пред јавноста.

Лечиќ ги негирал сите обвиненија, а истото го потврдил и на тестирањето на полиграф, кој наводно ги потврдил неговите тврдења.

Треба да знаете
Последни објави