Search

Врвниот чоколадар на кралицата ги открива омилените вкусови на нејзиното височество

Познато е дека кралицата сака благо – нејзиниот поранешен готвач Дарен Мекгрејди еднаш откри во едно интервју: „Таа обожава чоколадо. Тоа ѝ е омилено, и мора да биде темно чоколадо. Колку е потемно чоколадото, толку подобро.“

А сега, еден од нејзините брендови чоколадо ги откри вкусовите кои таа најмногу ги сака.

Според Адам Ли, главниот чоколадар на Charbonnel et Walker („Шарбонел и Вокер“), кралицата има многу цветни вкусови и има список со нејзините омилени избори на сите времиња од брендот.

Кралицата има склоност кон овие специфични сорти на чоколадо.

Чоколадарата Charbonnel et Walker основана е на улицата „Бонд“ во Лондон во 1875 година кога кралот Едвард Седми побарал од својата омилен производител на чоколади Мадам Шарбонел да се пресели од Париз во Лондон. Денес, таа е еден од ретките чоколадари што има кралски налог за кралицата Елизабета.

Треба да знаете
Последни објави