Search

(Фото) Јелена Розга во врска со 7 години помладиот познат готвач, еве кое е момчето на пејачката

Хрватската пејачка Јелена Розга наводно веќе некое време е во емотивна врска со сплитскиот готвач Иван Пажанин.

Јелена и седум години помладиот Иван наводно се запознале во март годинава кога таа гостувала во неговата емисија.

-Тогаш Тончи Хуљиќ кој исто така беше гостин во емисијата, рекол дека мисли дека на Јелена и е време да се мажи, а другиот гостин додал дека Иван е слободен, по што двајцата се согласиле дека пејачката и готвачот би биле идеален пар. Јелена и Иван наводно по снимањето оствариле контакт, пишува Стори.хр.

Магазинот од извор близок до пејачката дознава дека тие веќе некое време се заљубени и среќни.

-Пресреќна е откако се заедно. Тончи кумуваше на врската, веднаш се виде дека постојат искри меѓу нив. Уживаат заедно, но не сакаат да се експонираат јавно, па засега ниту потврдуваат, ниту демантираат. Откако ја започнаа врската не се разделуваат, открил изворот.

Иван е познат како еден од најдобрите хрватски готвачи, чии специјалитети ги пробале Новак Ѓокович, холивудскиот актер Џон Малковиќ, возачи на Формула 1, но и членови на кралски семејства.

Преземено од Курир

Треба да знаете
Последни објави