Search

Елен Деџенерис повторно ја купи куќата во Монтесито

Толку добра што ја купи двапати!

Елен Деџенерис ја продаде својата историска куќа во Монтесито, Калифорнија, во 2018 година за 11 милиони долари. И, сега таа реши да ја откупи за 14,3 милиони долари.

Познатата водителка на ток-шоу го купи имотот Ранчо Сан Леандрово 2017 година за 7,2 милиони долари, а една година подоцна го продаде на основачот на „Тиндер“, Шон Рад за 11 милиони долари.

 

Комплексот се протега на површина од шест акри, и е веднаш до масивната хациенда на Опра Винфри од 70 милиони долари, во отмената енклава надвор од Санта Барбара, во која живеат и Роб Лоу, Кети Пери и Орландо Блум, принцот Хари и Меган Маркл.

Треба да знаете
Последни објави