Search

Организаторите на „Златните глобуси“ одобрија промени за диверзитет во своите редови

Членовите на Здружението на странски новинари во Холивуд (HFPA) – луѓето кои одлучуваат за „Златните глобуси“ за телевизија и филм –  во четвртокот одобрија големи промени во однос на поголем диверзитет во своите редови и решавање на поплаки за етика.

Чекорите вклучуваат ангажирање директор за диверзитет, регрутирање на афроамерикански новинари, и проширување на потенцијалните апликанти за групата странски новинари за забава.

Организацијата, исто така, гласаше за додавање на најмалку 20 нови члена на сегашните 87 годинава, и за проширување на својот список со имиња за 50 проценти во следните 18 месеци.

Одборот на здружението на странски новинари во Холивуд ги предложи измените претходно оваа недела и неговото членство ги одобри во четвртокот.

„Денешното гласање за реформа на здружението ја потврдува нашата заложба за промена“, рече претседателот на ХФПА, Али Сар.

Треба да знаете
Последни објави