Search

Никогаш нема да го повторам тоа што го направи мајка ми: Анастасија брутално откри кој потег на Цеца нема да си го дозволи во животот

Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ отворено проговори во една емисија што би повторила од богатата кариера на својата мајка Цеца Ражнатовиќ.

-Откако се појави на сцената таа беше за мажите најпосакувана пејачка, а за жените пример за убавина. Нејзините трансформации, бурниот живот и кариерата се под будното око на медиумите, а често знаела да ја шокира и јавноста со своите потези и одлуки, но овој и денес се памети, започна да раскажува Анастасија.

Имено Цеца во 90-тите ја шокираше јавноста кога се појави буквално ќелава. Меѓутоа нејзината ќерка Анастасија вели дека не би имала смелост да го направи тоа повторно.

-Не, никогаш, многу сакам долга коса. ОК е коса до рамена, ако тоа се смета за кратка, би го направила тоа, но да се ишишам кратко како неа, не би се осмелила, бидејќи на мене нема да ми стои, вели таа.

Преземено од Курир

Треба да знаете
Последни објави