Search

(Фото) Се повлече целосно во себе – синот на Лепа Брена непрепознатлив и со долга коса, девојките повеќе не се вртат на него по улица

Стефан Жвојиновиќ, синот на фолкерката Лепа Брена и бизнисменот Слободан Бобо Живојиновиќ, кој своевремено се занимаваше со музика, се повлече од јавноста, а сега е фатен во непрепознатливо издание.

Живојиновиќ реши комплетно да го смени имиџот, па ја пушти косата, додека се чини дека повеќе не минува толку време во теретана како порано.

Веруваме дека многумина не би го препознале вака, додека екипата „Папарацо лов“ го фати како шета сам близу до куќата на неговите родители на Бежанијска коса.

– Одлучив да се повлечам од естрадата и од јавниот живот. Не би навлегувал во она што се случи во последните три месеци, но она што би сакал да го кажам е дека мислам дека секој од нас можеше да извлече убава лекција од сето ова. Така што ја донесов одлуката и мислам дека е вистинската – рече тој за „Блиц“ пред една година…

Преземено од Курир

 

Треба да знаете
Последни објави