Search

Слушал гласови кои го натерале: Келнер од Мадрид ја убил мајка си, па ја изеле со кучето

Невработен келнер ја распарчил својата мајка на 1000 парчиња и го изел, а му се придружило и куче

Невработен шпански келнер чека судење под обвинение за убиство на неговата мајка, која ја исекол на 1.000 парчиња кои потоа, заедно со кучето, ги изеле.

Алберто Санчез Гомез (28), кој беше уапсен во февруари 2019 година, вчера призна на суд дека слушнал гласови кои му велеле да ја убие неговата мајка Марија Соледад Гомез (68). Слушнал гласови додека гледал телевизија во стан во Мадрид, кој го делел со неговата мајка.

Тој рече дека тоа биле гласови на соседи, познаници и познати личности, но, исто така, вели дека не се сеќава дека и го исекол телото и ги јадел парчињата.

Кога полицијата се појавила пред неговата врата, тој наводно им рекол дека неговата мајка е во станот и дека е мртва.

– Кучето и јас го јадевме малку по малку, им рече тогаш Санчез, тврди полицијата.

Истражителите соопштија дека во фрижидерот пронашле остатоци од убиената жена, а коските биле пронајдени во фиоките во станот.

Обвинителството го обвини Гомез дека ја задавил својата мајка по расправија и го однел нејзиното тело во спалната соба и го ставил на креветот. Потоа го пресекол со пила и кујнски ножеви. Тој јадел парчиња од нејзиното месо две недели, чувајќи ги во пластични садови и вреќи.

Сега му се закануваат 15 години затвор, а резултатите од психијатрискиот преглед се очекуваат за време на судењето.

Обвинителството исто така бара од него да му плати 90.000 евра отштета на неговиот постар брат.

 

Треба да знаете
Последни објави