Search

Астронаутите на НАСА полетаа кон МВС со ракетата на Спејс Икс (ВИДЕО)

Националната аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) денеска лансираше четворица астронаути до Меѓународната вселенска станица (МВС) со ракета и капсула кои се за повеќекратна употреба.

Астронаутите се од три земји, лансирањето беше од вселенскиот центар Кенеди на Флорида и капсулата „Крју драгон” се очекува да се припои со станицата рано во сабота.
Се работи за ракетата за повеќекратна намена „Фалкон-9″ на компанијата Спејс Икс. Ракетата успешно се врати на пловечка платформа во Атлансткиот Океан. Ова е втора употреба на оваа ракета.

Повеќекратната употреба помага да се намалат трошоците за вселенската програма на НАСА. Ракетата е произведена од СпејсИкс, компанијата има склучено договор за соработка со НАСА вреден повеќе милијарди долари.

Мултинационалниот екипаж е составен од астронаутите на НАСА, Шејн Кимброу и Меган Мек Артур, Томас Пескет од Европската вселенска агенција и Акихико Хошиде од Јапонската агенција за вселенски истражувања.

Ова е првпат НАСА да користи повеќекратна ракета и капсула за испраќање свои астронаути на МВС.

Треба да знаете
Последни објави