Search

Синот на руски милијардер му помогнал на таткото да го сокрие богатството во најскапиот развод во Британија

Британски судија во средата пресуди дека рускиот милијардер Фаркад Ахмедов заговарал со неговиот син во обид да ја спречи неговата поранешна сопруга да добие 453,6 милиони фунти (631 милиони долари) од рекордната спогодба за развод, највисока досега во Британија.

Во пресудата, судијката Гвинет Ноулс рече дека Темур, синот на тајкунот за нафта и гас, дејствувал како „поручник на својот татко“ кој смислувал низа шеми за да го сокрие неговото богатство.

Судијката рече дека Темур се обидел да ја спречи мајка му Татјана Ахмедова да добие макар и еден цент од средствата стекнати во брак.

Татјана го тужи синот, двајца доверители на „Лихенстајн“ и уште една компанија. Тужбата ја поднесе во лондонскит Висок суд.

Темур претходно откри предсудот дека татко му повеќе би сакал парите да изгорат отколку да ги добие мајка му.

„Ја отфрлам неговата одбрана дека тој бил само обичен посредник за својот татко: доказите укажуваат на спротивното“, рече Ноулс во пресудата, која налага синот на Ахмедова да ѝ плати на мајка си повеќе од 70 милиони фунти.

„Тој го излажа овој суд во повеќе наврати, ги прекрши судските налози, и не успеа да обезбеди целосно обелоденување на неговите средства. Тој е нечесна индивидуа која ќе стори сé за да му помогне на својот татко, без сомнение бидејќи е целосно зависен од него за финансиска поддршка “.

Горката семејна правна битка започна во 2016 година кога англиски судија му нареди на Ахмедов да ѝ исплати мултимилионска сума на поранешната сопруга, за која весниците сметаат дека е највисока сума од ваков вид во Велика Британија.

Во текот на 20 годишниот брак , Ахмадови живееле во куќа во Англискиот град Сари .

Рускиот милијардер не ѝ остави ниту еден цент на неговата поранешна сопруга, иако тој требаше да и даде над 500 милиони евра по разводот.

Треба да знаете
Последни објави