Search

По„How I Met Your Mother“ ќе ја гледаме и „How I Met Your Father“

Серијата „How I Met Your Mother“ наскоро ќе го добие продолжението „How I Met Your Father“ во продукција на „Хулу“, пишува „Варајети“.

Улогата на мајката(Софи) во ова продолжение ќе ја толкува актерката Хилари Даф, која ќе му раскажува на синот како го запознала неговиот татко.

Приказната започнува во 2021 година, а првите сцени ќе покажат како Софи разговара со група пријатели за тоа што сакаат да постигнат во животот и како сакаат да се вљубат и да го пронајдат идеалниот партнер во време кога апликации како Тиндер се користат за запознавање.

Сè уште не е познато како продолжението на серијата ќе биде поврзано со првите девет сезони.

„Едвај чекам да започне снимањето бидејќи сум голем фан на оваа серија“, изјави Хилари Даф.

Треба да знаете
Последни објави