Search

Порцеланска убавина: Уметник ја споделува уникатноста на луѓето со албинизам

Професионалната фотографка Џулија Тејтс, со седиште во Израел, фотографира луѓе со албинизам во обид да ја покаже ја нивната посебност и уникатност, а своите проекти ги насловува „Порцеланска убавина“.

Во Европа и Северна Америка се проценува дека 1 од 20.000 луѓе има албинизам. За Џулија, оваа ретка состојба е посебна. Од оваа причина, таа реши да им ги посвети своите два проекти на тие луѓе.

Со своите фотографии сака да ѝ помогне на албино популацијатата и да ги сруши стереотипите што кружат во општеството. Таа ги става мажите, жените и децата на бела позадина за подобро да ја изрази нивната уникатност.

 

Најголема поддршка добива од модели и од родители, што ѝ дава дополнителна мотивација во работата.

Треба да знаете
Последни објави