Search

Откриена вистинската причина зошто Џеј Ло и Алекс Родригез ја раскинаа веридбата: „Таа не е некој кој што седи и плаче“

По шпекулациите дека бејзбол играчот ја изневерил латино дивата, извор близок до пејачката открива што навистина се случило меѓу нив.

Пред неколку дена пејачката и актерка Џенифер Лопез и некогашниот спортист Алекс Родригез, издадоа заедничко соопштение за медиумите во кое што потврдија дека ја раскинале веридбата.

По еден месец шпекулации, парот сепак решил да се раздели, како што напишале и да останат пријатели, а медиумите веќе претходно пишуваа за нивниот турбулентен однос.

Како што сега откил извор близок до латино дивата, дури и пред да се појават таквите гласини Џенифер не му верувала целосно на Родригез.

Поради тоа токму таа „инсистирала“ на раскинување:

„Не е важно дали ја изневерил или не. Таа нема да го толерира стравот дека некогаш ќе ја изневери“, вели неименуваниот извор за „People“.

„Таа инсистираше на тоа. Имаше премногу нерешени проблеми. Беше прилично несреќна и мислам дека за неа не беше добро да остане со Алекс“.

Изворот кој што наводно ѝ е пријател на Џеј Ло изјавил дека таа сега се чувствува добро:

„Џенифер и претходно беше во вакви ситуации. Таа не е некој кој што само ќе седи и ќе плаче. Нејзините деца најмногу ја прават среќна, добро е“, вели изворот.

Наводно пејачката веќе подолго време не била среќна покрај Родригез, а откако ја изгубила довербата во него крајот бил неизбежен.

Старлетата Медисон Лекрој неодамна се огласила и истакнала дека Алекс ѝ пишувал, но дека никогаш не се сретнале во живо.

Преземено од Точка

Треба да знаете
Последни објави