Search

Кој би можел да го наследи богатството на принцот Филип?

Принцот зад себе остави богатство коешто се проценува на околу 87.7 милиони фунти, пари што ги заработил во текот на кариерата во морнарицата, но и како член на кралското семејство заработувал околу 400.000 фунти годишно, пишува британскиот Express.

Покрај тоа, тој со кралицата вложувал пари во недвижности, акции, уметнички колекции и ретки книги.

Дел од неговиот имот ќе наследат и четирите деца, но за поголемиот дел се претпоставува дека наследник е кралицата Елизабета Втора.

Иако се очекуваше неговата титула да ја наследи принцот Едвард, сепак ќе му биде доделена на Чарлс кој според зборовите на експертката за кралското семејство Марлен Кенинг, тој потоа ќе му ја проследи на Едвард откако ќе стане крал.

Целиот имот што кралицата ќе го наследи од сопругот потоа од неа ќе го наследи Чарлс, така што тој ќе биде оној којшто на крајот ќе добие најголем дел од богатството.

Според британските медиуми, се претпоставува дека Филип дел од имотот оставил и на хуманитарните организации што ги поддржувал додека беше жив.

Треба да знаете
Последни објави