Search

Се шират гласини дека Бен Афлек сака повторно да ја освои Џенифер Лопез

Се чини дека Бен Афлек, поранешниот свршеник на Џенифер Лопез, повторно има чувства кон неа.

Џенифер повторно е сингл откако се потврдија информациите дека таа и Алекс Родригез раскинале, а Бен наводно немал девојка откако тој и Ана де Армас раскинаа во јануари оваа година, пишува Мирор.

Џенифер Лопез и Бен Афлек се свршија во 2002 година, но немаше свадба бидејќи парот раскина во 2004 година. “Тие не раскинаа поради недостаток на меѓусебна привлечност, туку тој беше збунет од славата. Но, тие омекнаа во последните 18 години, се во добри односи и многу разговараа неодамна”, изјави извор близок до поранешна двојка. „Тие немаат што да загубат со уште еден обид и Бен е подготвен да биде трпелив“, додаде тој.

Инаку, Џенифер беше мажена за Марко Ентони и е мајка на две деца, а Бен се оженил со актерката Џенифер Гарнер и заедно имаат три ќерки. Двете двојки на крајот се разведоа.

Преземено од Канал5

Треба да знаете
Последни објави