Search

Драстичен пад на акциите на „Нетфликс“

Стриминг-гигантот „Нетфликс“ објави забавување на растот на претплатници, што резултираше во пад на акциите на компанијата.

Околу 3,98 милиони луѓе се пријавија за „Нетфликс“ помеѓу јануари и март, што е далеку од предвидените 6 милиони. Компанијата вели дека недостатокот на нови серии може да придонел за намалениот интерес, додавајќи дека очекува да го надмине ова со претстојното емитување на продолженија на хит-сериите.

Вредноста на акциите на „Нетфликс“ падна за 11 % по затворањето на берзата на 489,28 долари, бришејќи 25 милијарди долари од пазарната капитализација на компанијата.

Стриминг-платформата пријави 15,8 милиони нови претплатници минатата година, бидејќи Ковид-19 ги принуди луѓето ширум светот да останат дома.

Голем дел од тој раст се случи во Азија, каде „Нетфликс“ доби 9,3 милиони нови претплатници во 2020 година, што е зголемување за околу 65% во однос на претходната година.

Но, пандемијата се покажа како меч со две острици за „Нетфликс“ бидејќи го наруши и продукцискиот процес.

Треба да знаете
Последни објави