Search

(Видео) Анимираната антологија „Љубов, смрт и роботи“ се враќа овој мај

„Нетфликс“ го најави датумот за втората сезона на „Љубов, смрт и роботи“, колекција од анимирни кратки приказни што опфаќаат повеќе жанрови, од научна фанатстика и фанатзија до хорор и комедија.

Серијата беше брутална, извртена и крвава, но истовремено предизвикуваше размислување, емотивна и хумористична, нудејќи разновидно, експериментално искуство за гледачите.

Се чини дека ништо од тоа нема да се смени во втората сезона, бидејќи нејзиниот трејлер открива нови чудовишта, дистописки терор и гротескни манифестации.

Продолжението на анимираната антологија на NSFW ќе се врати на „Нетфликс“ на 14 мај во серија од осум епизоди што опфаќаат жанрови на научна фантастика, фантазија, хорор и комедија.

Содржината наведена од „Нетфликс“ гласи: „Анимираната антологија на NSFW се враќа со одмазда. Голите џинови, божиќните демони и роботи подивеа. Конзумирајте неодговорно.“

Треба да знаете
Последни објави