Search

Џуди Денч не сака да ја нарекуваат национално богатство

Легендарната филмска икона Џуди Денч не е љубител на терминот национално богатство иако многумина ја сметаат за богатство, таа претпочита да биде бунтовник , открива нејзиниот колега Еди Изард.

Говорејќи во виртуелната емисија Q&A (прашањa и одговори) , Еди рече: “Терминот национално богатство го ставаат пред нејзиниот праг и таа не го сака тоа. Таа сака да биде бунтовник. Таа е во контакт со 16-годишната девојка во неа. Таа е борец. Не ја користи титулата Дама, сака чоколадо и чаша шампањ и ќе продолжи да го живее животот. ”

Во меѓувреме, Џуди претходно призна дека не го сака терминот национално богатство бидејќи звучи како нешто со многу прашина и дека чувствува притисок на одреден начин поради тој збор. „Не сакам да бидам реликвија,“ рече таа во една прилика.

Големата британска и светска ѕвезда ја носи титулата Дама, доделена од британската кралица и која е еквивалент на машката титула Сер.

Треба да знаете
Последни објави