Search

Кавали на 47 години помладата избраничка ѝ подари – остров

Италијанскиот моден креатор, Роберто Кавали (80) на својата 47 години помлада избраничка реши да ѝ ја покажe својата љубов честитајќи ѝ го роденденот со уште еден скап подарок. Овој пат се работи, ни помалку ни повеќе, туку за остров вреден 2 милиони фунти.

Кавали често ѝ подарува луксузни подароци, но овој пат се надмина во изборот, а  како што пренесуваат странските медиуми, островот се наоѓа во нејзината родна Шведска. Дел од островот е и луксузна вила, базен, терен за голф, но и остатоци од викингшки тврдини.

Кавали, кој е светски познат креатор со богата кариера, на јавноста ѝ е познат и по својот бурен љубовен живот. Тој во својот живот се женел двапати, има пет деца, а од 2008 година ужива во љубовта со Лина Нилсон, која е  речиси половина век помлада од него.

Иако во јавноста беше осудуван токму поради оваа врска, тој сепак успеа да ја задржи девојката до себе. Лина и Кавали често можат да се видат на сликите на светски познатите списанија како се одмораат на луксузни дестинации, пловат со јахта, а папараците се секогаш во близина за да забележат некој интересен момент.

Преземено од Вечер Прес

Треба да знаете
Последни објави