Search

Кумот на пејачот со емотивна исповед: Тозовац во паричникот носеше фотографија од ОВОЈ ЧОВЕК до својата смрт

Тозовац почина вчера како последица од коронавирусот. Последните денови од животот ги помина на апарати за дишење.

Ратко Раѓеновиќ, кум на легендарниот пејач, во својата емотивна исповед вели дека веќе ништо нема да биде исто и дека ќе му недостасува најдобриот пријател секој ден.

-Тој беше најголемиот љубител на животот, пионер на живеењето. Всушност, тоа беше сублимација на интелигенција, емоции и духовитост. Во паричникот цел живот носеше фотографија од неговиот татко, кој бил застрелан кога Тозовац имал само 5 години. Замислете каков човек бил тој, кој до смртта носел фотографија од својот татко, кого практично не го ни познавал. Тој беше полн со емпатија и полн со љубов. Од животната тага и рапсодија, тој ги напиша најубавите љубовни песни, рече кумот на Тозовац.

Преземено од Курир

Треба да знаете
Последни објави