Search

Убавата Шехерезад бремена со трето дете на 38 години

Турската актерка Бергузар Корел, попозната како убавата Шехерзад од серијата „1001 ноќ“, со својот сопруг, актерот Халит Ергенч го чекаат третото дете. Убавата актерка среќната веста ја објави на својот инстаграм-профил.

Бергузар и Халит се еден од најстабилните актерски брачни двојки во Турција.

Среќната вест актерката ја дознала на самиот почеток на снимањето на новиот телевизиски проект, кој го откажала, за да може да посветено да води сметка за себе и да ја одржува бременоста, но и заради тоа што, како што објавила, бидејќи таа во оваа состојба не би одговарала на улогата во серијата.

 

 

– Откако три години ме немаше на малите екрани, во текот на повеќемесечните подготовки за улогата во ТВ-серијата „Kanlı Yayın“, дознаав дека сум бремена. Иако бременоста не ме спречи да го продолжам проектот, сепак, моравме да го одложиме снимањето на кое работевме со месеци, поради физичките промени што не беа соодветни за мојот лик. Не ми е лесно да се збогувам од серијата на кој работев со одлични луѓе. Би сакала да им се заблагодарам на сите мои колеги, од кои научив многу и поминав низ прекрасниот процес на креирање на овој проект. Мојата желба е нашите патишта еден ден повторно да се вкрстат – напишала убавата актерка.

Потоа ја објавила следната сторија во која им се заблагодарува на сите за прекрасните желби.

– Од моментот кога ги објавив вестите, не можам да одговорам на пораките на сите. Ме направивте многу среќна, ви благодарам многу. Нека драгиот Алах ви даде многу здравје и среќа. Ви благодарам што постоите – додала таа.

Преземено од +инфо

Треба да знаете
Последни објави