Search

Паметни одлуки за осигурување со акцент на највредното во животот, здравјето и домот

Годината зад нас која ја одбележа пандемијата со Ковид-19 покажа дека во тешки времиња најголемиот предизвик е да се зачува токму она што е највредно: човечкиот живот и здравјето. Здравјето е најголемо богатство, па токму затоа здравствената заштита треба да биде еден од главните приоритети во животот на секоја личност.

Честопати не сме задоволни од основното здравствено осигурување, затоа што тоа не може да ги задоволи сите наши потреби – брзината на добивање на посакуваната услуга, избор на лекар или институција или соодветна нега. Токму затоа, доброволното здравствено осигурување е идеално решение, бидејќи обезбедува поголеми права и подобра услуга во споредба со основното здравствено осигурување.

Свесноста и во нашата земја за потребата од дополнително здравствено осигурување почна да расте, особено изминатата година. Според податоците на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) за 2020 година, бројот на лица кои купиле здравствено осигурување лани пораснал за 5 пати во однос на 2019 година, а во полиси граѓаните вложиле 4,45 милиони евра што е за 45 отсто повеќе од 2019 година.

Кроација осигурување нуди одлични производи кога станува збор за заштита на граѓаните. Па така, дополнителното здравствено осигурување CroCare обезбедува најквалитетна медицинска грижа, целосно покривање на трошоците, директна наплата кон болниците и територијално покритие за интервенции и лекување во Европа. Многу е значајно и осигурувањето од последици на несреќен случај, односно осигурување од незгода при извршување на редовните работни задачи и надвор од тоа, а истото може да се договори со покритие на ризици по избор.

Без разлика каде одите – на скијање, летување, деловен пат, неопходно е и патничкото осигурување кое ќе го направи патувањето безгрижно и сигурно. Ова осигурување наменето е за широк опсег патници, од туристи, деловни луѓе, ученици и студенти, до спортисти и работници.

Покрај грижата за здравјето, секој од нас се грижи и за својот дом. За повеќето од нас, домот е место каде се чувствуваме безбедно и исполнето. Но, ризиците врз имотот се присутни и чести и затоа неопходно е да го осигуриме домот. Становите и куќите се изложени на разни ризици. Поплавување од инсталации, кражба, пожар поради краток спој, бура што ја оштетува фасадата или крши прозорци се настани кои се ретки, но предизвикуваат голема материјална штета. Токму затоа осигурувањето на домот е една од основите на плановите за мирен и безгрижен живот. Одлуката за осигурување е добра одлука, бидејќи за малку пари се обезбедувате дека можната штета предизвикана од несакани настани ќе се надомести и дека сè ќе биде како порано. Кроација осигурување можните ризици за домот и имотот, како што се пожар, удар од гром, експлозија, град, излевање вода, провална кражба и разбојништво, лизгање и одронување на земјата, вандализам и слично ги има поделено во три различни пакети, Основен пакет, Стандарден пакет и Премиум пакет.

Осигурувањето на домот, имотот, вредности или сето она што има значење во животот е паметна и корисна одлука, со директен одраз врз квалитет на животот, сега и во иднина. Тоа е одлука што е единствен одговор на неизвесноста на животот и секојдневните околности.

Треба да знаете
Последни објави