Search

Се појави и петиција за поддршка на Гарванлиев

По петицијата против, денеска се појави и петиција за поддршка на македонскиот претставник на годинешново издание на Евровизија, Васил Гарванлиев, се појави денеска на интернет.

За разлика од петицијата која е покрената со цел да се побара Гарванлиев да не ја претставува С Македонија на музичкиот натпревар, поради тоа што имал бугарски пасош, сега се собираат и потписи за поддршка на пејачот, родум од Струмица, кој повеќе години живее во САД.

И втората петиција е адресирана до Владата на С Македонија.

„Во 2021 нема место за национализам и хомофобија, особено кога станува збор за музиката. Македонија на Евровизија била претставувана од пејачи од различни етникуми и тоа е наша предност. Политизирањето на Евровизија мора да престане од тие што навредуваат и неосновано шират говор на омраза“, е посочено во воведот на петицијата за поддршка на пејачот.

Денеска беше објавена и онлајн петица насловена “СТОП за пробугарската пропаганда во Македонија“ на која за неполни три часа се потпишаа 2700 граѓани, кои бара Гарванлиев да не нè претставува на музичкиот натпревар.

Дел од јавноста прво имаше забелешки на видео- спотот на евровизиската песна „Here I stand“на кој многумина препознаа бугарско знаме, а многумина потоа му замерија на Гарванлиев и за бугарскиот пасош што го поседува.

Пејачот денеска се огласи преку видео во кое објаснува како добил бугарски пасош, но и нагласува дека тоа не е забрането во нашата држава. Тој се извинува доколку повредил нечии чувства.

-…За мене најважно и најгордо нешто беше тоа што, првата реченица во мојата биографија низ цел свет беше „Македонскиот баритон Васил Гавранлиев ја започна својата кариера на 7 години во својата родена земја…, кажа меѓу другото пејачот.

 

 

Треба да знаете
Последни објави