Search

Јелена Томашевиќ за раскинувањето со Иван Босиљчиќ и баладата „Да ми је да ми се врати“

Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ важат за еден од најубавите парови на српската јавна сцена, а пејачката во емисијата „Кец на једанаест“, на ТВ „К1“ раскажа една интересна анегдота поврзана со нејзината песна „Да ми је да ми се врати“, која и била понудена во време кога нивната врска се нашла во криза.

-Тоа се случи пред повеќе од 10 години. Иван и јас се забавувавме и под притисок на медиумите раскинавме. Секој имаше своја приказна, свое мислење за тоа: Треба или не треба. Сергеј Четковиќ, мојот драг колега со кого исто така се дружам, ми се јави: „Ти напишав песна“. И тој ми ја пушти песната „Да ми је да ми се врати“. Му реков, не доаѓа предвид да му го пеам тоа – раскажува низ смеа Јелена Томашевиќ и додава:

-Да излезе дека сум за жалење, нема да ја пеам оваа песна. И помина некое време, богами, мислам околу две години, јас и Иван веќе се смиривме. Во една прилика му велам: „Да ти пуштам нешто што ми напиша Сергеј, а јас не го отпеав“. Кога ја слушна песната, Иван се воодушеви: „Ова е божествено, зошто не си го снимила ова?“ – раскажа пејачката.

Извор: Blic.rs

Треба да знаете
Последни објави