Search

Алесандра Амброзио среќна и расположена по средбата со новиот партнер

Алесандра Амброзио е желна да разговора со пријателките за својата вечерна средба со новиот партнер Ричард Ли.

39-годишната манекенка беше фотографирана додека се упатува на час по Пилатес во Лос Анџелес, облечена во сет за вежбање во боја на јоргован.

Бразилката секогаш е елегантна, дури кога оди на Пилатес. На себе има бел стилски капут и голема торба „Хермес Биркин“ за да и го собере приборот за тренинг.

По вежбањето имаше дружба со две пријателки.

Се чини дека ветеранката на „Викторијас сикрет“ продолжува по свој пат без партнерот Николо Оди, италијански бизнисмен и дизајнер со кого беше во врска нешто повеќе од две години.  Претходната вечер таа излезе со моделот Ричард Ли.

Треба да знаете
Последни објави