Search

Џоди Фостер проговори за својата страст кон американското рагби

Aмерикaнската глумица Џоди Фостер вчера гостуваше на шоуто „Џими Кимел, во живо!” Првичниот повод беше да го промовира нејзиниот нов филм „Мавританец” (The Mauritanian), но таа посебно внимание му посвети и на бекот на „Грин Беј пакерс” – Арон Роџерс.

Имено, при неговиот говор по прогласувањето за најдобар играч на американското НФЛ натпреварување, Роџерс ѝ се заблагодари на Фостер како „член на неговиот тим вон теренот”.

– Тој, просто, знае дека сум му најголема обожавателка. Тој затоа рече „мојот тим”. Тоа не значи дека навистина сум во неговиот тим, изјави таа.

Фостер е номинирана за Златен глобус за нејзината улога во „Мавританец”, па навести дека, „апсолутно” ќе му врати на рагбистот, ако евентуално ја добие статуетката.

Треба да знаете
Последни објави