Search

Ева Лонгорија на прошетка со синчето Сантијаго

Ева Лонгорија се релаксира на заедничка прошетка со својот двегодишен син Сантијаго Енрике Бастон низ паркот во Беверли Хилс.

Папараците случајно ја уловија 45-годишната sвезда на „Очајни домаќинки“ во четвртокот наутро, додека поминува квалитетно време со своето синче, кое го има со сопругот Хозе Бастон.

Таа ја покажа спортската фигура во бела атлетска јакна и кожени темносини хеланки.

Својот лежерен изглед го комплетира со бели патики, темни очила за сонце и црна маска за лице среде пандемијата на Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави