Search

(Фото) Леди Гага покажа како изгледа бакнувањето во доба на корона

Леди Гага беше главна sвезда на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден, а нејзината изведба на химната ја воодушеви јавноста.

Популарната пејачка на својот инстаграм-профил објави фотографија од свечениот чин, на која се бакнува со своето момче Мајкл Полански.

За време на паузите помеѓу песните, Гага главно седеше покрај своето момче, а Џенифер Лопез и нејзиниот партнер Алекс Родригез беа во нивна близина.

Гага и Полански официјално објавија дека се во врска во февруари минатата година, и оттогаш тие се неразделни и често објавуваат фотографии на социјалните мрежи.

 

Преземено од Убавина и Здравје

Треба да знаете
Последни објави