Откако ослабе 19 килограми и драстично со смени изгледот, младата пејачка Антониа Гиговска се почесто е активна со модни фотографии на својот Инстаграм профил.

Исто така откако склучи соработка со еден моден бред кој го промовира на споменатата социјална мрежа, Антониа не ретко е во улога на модел.

Меѓу нејзините најнови објави се најдоа токму такви фотографии кои пак беа и по повод нејзиниот 20-ти роденден.

Поради меркте за заштита од коронавирусот не можеше да го прослави со голема забава, но затоа веруваме дека оние што најмногу ги сака беа до неа на овој ден – роденден.

А за следбениците на Инстаграм се скоцка во елеганто-спортска црна комбинација, од која доминираше длабокото деколте без градник, а во фокусот пак се издвои секси позата каде клечи со раширени нозе.

Новата Антониа Гиговска и роденденска славеничка доби многу ласкави коментари, а разбирливо не беа изоставени ниту роденденските честитки.