Search

„Вондер воман 1984“ ги зголеми активирањата на „ХБО макс“ за 17.7 милиони

Тоа беше киноиздание со најголема заработка во време на пандемија по неговото деби на Божиќ.

Се покажа дека одлуката на „Ворнер Брос“ премиерно да го прикаже „Вондер воман 1984“ на својата стриминг-услуга со претплата „Ејч-би-о макс“ во исто време со премиерата во киносалите се исплатеше одлично.

Во средата, матичната компанија AT&T откри дека како резултат, 17.7 милиони активирани корисници биле додадени на „Ејч-би-о макс“ до крајот на декември.

Овој број на активирани корисници е двојно поголем од оној на крајот на септември.

Извршниот директор на AT&T, Џон Стенки, ја сподели веста за успехот во период кога се објавува заработка во четвртиот квартал.

„Објавувањето на Wonder Woman 1984 помогна нашите домашни претплатници на HBO Max и HBO да достигнат цифра од 41 милион, што е за две години побрзо од нашата првична прогноза“, изјави Станки, како што пренесуваат медиумите.

Треба да знаете
Последни објави