Search

Српска актерка со храбра исповед: „Професорот по глума ме силуваше на 17 години, не смееме да молчиме – за девојчињата кои сега поминуваат низ тортура“

25-годишната српска актерка, Милена Радуловиќ, 8 години по пеколот низ кој поминала од страна на досега угледниот професор Мика Алексиќ, собира храброст, го надминува стравот и немоќта и открива на кој начин тој ги манипулирал децата и родителите и до ден-денес ги злоупотребува сексуално малолетните девојки во својата школа, крена револуција сакајќи да спречи нови жртви, велејќи дека не смее да се молчи ниту ден повеќе. 

„Бев 6 години во школата на Мика Алексиќ. Имав 17 години кога ме силуваше. Чувствував срам. Се мразев. Но не се плашам повеќе. Чувствувам одговорност и мора да спречиме уште девојки да поминат низ пеколот кој го поминавме ние. Тоа не се случи еднаш, се повторуваше“ – Милена Радуловиќ е српска актерка со огромна храброст која го обелодени грозоморниот чин на сопственик на школа за глума, а покрај неа има уште неколку девојки кои се охрабриле и прозборуваа за неговото малтретирање кое го потиснувале со години.

Во последните 24 часа, српските медиуми и социјалните мрежи се преплаваени со, од една страна грозоморна вест за силување и малтретирање на млади девојки од страна на сопственик на школа за глумење, а од друга страна, моќна револуција на српските млади актерки кои се исправија пред предизвикот, ја „соголеа“ душата и открија каква грутка чуваат во себе од минатото.

Иако изјавата на Милена Радуловиќ крена најмногу прашина, сепак таа не е единствена која го призна ова ужасно искуство, а неколку девојки, некои од нив и сега малолетни, го пријавија во полиција случајот на силување и сексуално вознемирување од страна на Мирослав Мика Алексиќ.

Во неговата школа поминале илјадници деца во текот на речиси 4 децении, а од тие деца излегле многу познати актерски таленти меѓу кои и Милена Радуловиќ, која прва јавно проговори за пеколот низ кој поминала.

Како резултат на подолга истрага по пријавените случаи, досега угледниот професот Мика Алексиќ е уапсен, а приказната на српската актерка која храбро ја води борбата со цел да охрабри што повеќе девојки кои минале низ истиот чин, ја раздрма јавноста и крена револуција.

Нејзиниот глас е јасно и гласно слушнат, а нејзината приказна поттикна многу други девојки да го отворат тој мрачен дел во своите сеќавања, да се потсетат на нивните денови минати во школата и да откријат дека и тие преживеале низа непријатности предизвикани од Алексиќ.

Во интервјуто кое открива мрачни моменти од нејзината младост и тајни за професорот, таа вели дека Алексиќ уште по првата средба се „ослободувал“ од посета на родители.

„Аудициите беа масовни. Се пријавуваа неколку стотици деца, а тој бираше 7-8 најталентирани. По приемот, разговараше со родителите, ги информираше за цена, часови, кодекс на облекување (девојчињата во здолништа, момчињата во чевли, уредно средени коса и нокти), и им нагласуваше една важна работа – дека тоа е прв и последен пат да се гледа со нив, а децата сами да носат пари за школарина.

Постојано зборуваше дека децата се мали луѓе, а нас ни годеше кога слушавме – Вие сте самостојни, ова е само нешто ваше.

Тој ја поништуваше улогата на родителите, но тогаш тоа не ни изгледаше спорно.“

srpska-akterka-so-hrabra-ispoved-profesorot-po-gluma-me-siluvashe-na-17-godini-ne-smeeme-da-molchime-za-devojchinjata-koi-sega-minuvaat-niz-tortura-05.jpgфото: Инстаграм

Според Милена, професорот бил строг, а школата не била само за глумење, туку таму се правеле убави задачи, се одело на излети низ Србија, на пазар, децата учеле да готват и се учеле вредности кои на родителите им годеле за нивните деца, а сето тоа предизвикувало страхопочит на децата кон него.

Таа доживеала целосен шок кога од еден таков свет на строгост и стравопочит и учење на животни вредности, преку ноќ преминала во светот на сексуално злоставување, кога на почетокот на ноември 2012-та, тогаш 61-годишниот професор ја силувал на 17-годишна возраст…

Преземено од Црнобело

Треба да знаете
Последни објави