Search

Следната недела нова средба на македонско-бугарската комисија

Последниот состанок на комисијата за историски прашања меѓу Македонија и Бугарија, не помина добро. Двете страни не донесоа никакви заклучоци, а како што рече вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 претседателот Драги Ѓорѓиев, преговорите заглавија во два аспекти: Цар Самоил и придавката „македонски“.

Надеж дека работите ќе мрднат има веќе следната недела кога ќе има нова средба на комисијата. Барем така најавија вечерва во „Клик Плус“ претседателот Ѓорѓиев и членот на комисијата, Петар Тодоров.

Ѓорѓиев вели дека ќе биде техничка средба, за да се реши најпрво со придавката „македонски“.

„Треба да стапиме во контакт, ќе се договориме, можеби ќе биде во понеделник. Техничка средба ќе биде. Точно да видиме со придавката македонски, да расчистиме“, рече Ѓорѓиев.

Треба да знаете
Последни објави