Search

Најдобар начин власта и СДСМ да ги заштитат граѓаните и Македонија е Заев да си поднесе оставка

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

„Стравот кај премиерот во заминување Зоран Заев  и кај СДСМ е очигледен. Народот јасно и гласно се спротивставува на поразите и неуспесите кои што ги испорачува оваа власт. Нивната неспособност и неодговорност ја турка Македонија во ќор-сокак. Граѓаните покажуваат дека не се согласуваат со пазарџиската политика на Заев и неговите обиди на тезга да ги подава идентитетот, народот и јазикот.  Затоа се исплашени од револтот на цела Македонија.

Најдобар начин да го заштитат здравјето и животите на граѓаните и да ја спасат Македонија е да спроведат една мерка, а тоа е Зоран Заев и неговата влада да си поднесат оставка и државата да ја води една нова влада на национален спас.

Оставка на Заев, слобода на народот!

Треба да знаете
Последни објави