Search

Руди Џулијани позитивен на Ковид-19, објави Трамп на Твитер

Руди Џулијани, убедливо најдобриот градоначалник во историјата на Њујорк, и кој неуморно работи на разоткривање на најкорумпираните избори досега во историјата на САД е позитивен на кинескиот вирус. Брзо да се опоравиш Руди, ќе продолжиме натаму, напиша Трамп на Твитер.

Трамп не прецизира од кога е позитивен Џулијани, ниту дали имал некакви симптоми. Џулијани ги предводеше напорите на Трамп за поништување на изборниот резултат во САД, повторувајќи неосновани тврдења дека манипулацијата била фактор за победа на кандидатот на демократите, Џо Бајден.

Универзитетот „Џон Хопкинс“ вчера регистрира 213.,875 нови случаи на ковид-19 и уште 2.254 починати лица во САД.

Треба да знаете
Последни објави