Search

Пронајдени двајцата гевгеличани кои беа загубени на Кожув

Двајцата гевгеличани на возраст од околу 70 години, кои се загубиле денеска додека планинареле на планината Кожуф се пронајдени, информираат нивни блиски.

Синот на едно од исчезнатите лица се јавил во полицијата и потврдил дека неговиот татко утринава со уште еден пријател заминале на планинска прошетка на Кожув.

Последниот контакт со својот татко тој го остварил попладнево околу 17 часот, кога тој му се јавил на мобилниот телефон и му кажал дека се изгубени во реонот на месноста Круша.

Двајцата се чувстуваат добро. Во потрагата учестуваа полицијата и ловечките друштва кои добро го познаваат теренот.

Треба да знаете
Последни објави