Search

Откриени 12 мигранти во црногорски камион на Богородица

На 05.12.2020 во 08.30 часот на Граничниот премин Богородица, П.В.(34) од Црна Гора, возач на товарно возило, со црногорски национални ознаки, пријавил дека во приколката слушнал гласови.

По извршени проверки биле откриени 12 илегални мигранти (шест од Сирија и шест од Авганистан, од кои едно дете).

Мигрантите биле предадени за понатамошна постапка во Прифатниот транзитен центар-Гевгелија.

Треба да знаете
Последни објави