Search

Николов: На 13 декември заокружете го бројот 2, Штип да биде во сигурни раце

Kандидатот на СДСМ за градоначалник на Штип, доктор Сашко Николов во денешното онлајн обраќање истакна дека на граѓаните по 13 декември ќе им понуди ред на повисоко ниво, дисциплина, продуктивност, експедитивност, како постулати на кои ќе се темели работата во општината и во јавните претпријатија.
Николов се осврна на повеќе проекти од неговата програма и меѓу другите ги издвои почеток на санација на спомен обележјата во Штип, проект за реконструкција на Саат кулата како симбол на градот и враќање на гламурот и сјајот на музичкиот симбол на градот Макфест.
Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Штип доктор Сашко Николов ги повика своите сограѓани на 13 декември да излезат на избори и да гласаат за бројот 2.
Ако сакате да продолжат капиталните проекти и деценискиот сон за браната гасификацијата, реконструирани улици, водоводи, канализации да се рекреирате на висински патеки, да имате сигурни и безбедни училишта за своите деца, на 13 декември издвојте 5 минути и со мерки почитување на мерките за заштита на здравјето излезете на избори безбедни за здравјето и заокружете го бројот 2 за Штип да биде во сигурни раце, порача Николов.

 

Треба да знаете
Последни објави