Search

Мурињо: Артета е многу добар тренер, победивме само поради двата неверојатни гола

Манаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо денеска ја прекина традицијата да фаќа сеир со Арсенал, особено во вемето на Арсен Венгер, па по добиеното лондонско дерби (2:0)  застана во одбрана на противничкиот менаџер, Микаел Артета.

Арсенал сега е дури 15-ти на табелата и работата на неискусниот Артета се повеќе се доведува во прашање, но Мурињо по средбата тврдеше дека „топчиите“ биле исклучително добро тактички поставени на теренот, а главната разлика ја направиле само генијалните потези на Сон и Кејн.

-Ова беше голем меч, не само поради тоа што беше Тотенхем против Арсенал, ова беше голем меч во секоја смисла, во тактичка и техничка. Сакам да му посветам добри зборови на Микел Артета и да му честитам што ни приреди тежок меч. Тактичките тие беа многу добри, беа многу добро организирани и ни создадоа многу проблеми во текот на целиот меч. Ние успеавме да ги надминеме овие проблеми бидејќи нашите играчи сега имаат голема самодоверба и тактички се совршени. Арсенал е добар тим и има добар тренер, заслуживме да победиме само поради двата неверојатни гола, изјави Жозе.

Сепак, Португалецот во негов стил додаде дека може да замисли што ќе се пишува утре за Арсенал.

-Ќе се пишува дека не се добри и дека се на лоша позиција на табелата. Јас верувам во нивните играчи и во тренерот, верувам дека со оваа гарнитура, Арсенал може да биде оној стариот, додаде Жозе.

Треба да знаете
Последни објави