Search

Мерцедес му подари сензационална победа на Перез

Серхио Перез на Рејсинг Поинт е сензационален победник на патеката Сахир, на трката во Бахраин. Перез стигна до победата откако на 25 круга до крајот кога на патеката беше безбедносното возило,  тимот на Мерцедес направи голема глупост и ги повика двата свои болида во пит-стопот, но успеа да им ги помеша пневматиците на Џорџ Расел и Валтери Ботас.

Да потсетиме, трката поради позитивен тест на коронавирус ја пропушти Луис Хамилтон, кој веќе ја обезбеди шампионската титула, па на негово место дојде Расел, кој имаше втора пол позиција веднаш зад Ботас.

Поради тоа тие го изгубија водството на трката, а Перез изби на врвот. По рестартот Расел повторно беше одличен и стигна до второто место, но следуваше нов пех и ново влегување во пит стоп по што и дефинитивно ги загуби шансите за победа.

Второто место му припадна на Естебан Окон на Рено, додека третопласиран заврши клупскиот колега на Чико Перез, Ленс Строл.

Треба да знаете
Последни објави