Search

Јовановски: Бугарија нема поддршка од другите земји на ЕУ и САД

Кандидатот за претседател на СДСМ, Зоран Јовановски кој ја загуби трката за првата фотелја од Зоран Заев и се повлече од партискиот ангажман, за сегашната ситуација во која се најде Македонија на патото кон ЕУ по блокада од Бугарија, напиша на социлјаните мрежи неколку свои размислувања за новонастанатат ситуација.

-Бугарија нема поддршка од другите земји на ЕУ. САД порачаа (Рикер, Палмер) дека преговорите со ЕУ треба да почнат во декември, а било какви отворени прашања треба да бидат разгледувани билатерално, меѓу двете земји, значи НАДВОР од процесот на преговори со ЕУ. Тоа значи, притисокот е врз Бугарија, а не врз нас. Напишав и пред извесно време, ние треба да играме смирено и паметно. Грешката што сега може да се направи е да се прифати нешто (патоказ, анекс, било што) со што барањата на Бугарија би се внеле во преговорите, односно тие барања би станале дел од условите во преговорите. Со тоа, барањата на Бугарија, од нејзин проблем би станале проблем на ЕУ, а со тоа и наш. Тоа би била голема грешка што нема да може да се поправи, без оглед на почетокот на преговорите. И уште нешто. Гледам дека разни политички субјекти и медиуми моите ставови ги ставаат и користат за својата партиска агенда. Во врска со тоа можам само да потсетам дека излегов целосно од политиката во 2013 година и не сум дел од било какви партиски битки. Моите ставови се само мои, натпартиски и македонски.

Треба да знаете
Последни објави