Search

Филпче: Однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ е ирационално, на протести ги кршат мерките за заштита, а бегаат од избори во Штип

Однесувањето на опозицијата, на ВМРО-ДПМНЕ е апсурдно и ирационално и не може да се најде оправдување за нивните постапки, порача вечерва министерот за здравство Венко Филипче во вклучувањето во живо на социјалните мрежи со кандидатот за градоначалник на општина Штип, Сашко Николов од СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ бараа парламентарните избори да се одржат есенва, велејќи нема да има нов бран, а сега не сакаат да учествуваат на изборите за градоначалник на Штип. Во време на пандемија организираат протести на кои мерките за заштита не се почитуваат, а во исто време велат дека изборите во Штип не биле безбедни за јавното здравје“, порача Филипче.
Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ со своите постапки работи против заштитата на јавното здравје.
„ВМРО-ДПМНЕ го кочеше заемот за опремеување на 16 болници, ковид-центри.
Наместо една модуларна болница кај Инфективната клиника, сега ќе имавме 16 опремени модуларни болници,ако не го блокираа заемот од Светска Банка преку нивната заменик дополнителна министерка за финансии. Сега ќе бевме спремни, пациентите со ковид ќе беа сместени надвор од болниците, за сегашните болници да останат за другите пациенти. За потсетување, тие го блокираа Законот за заштита на население од заразни болести, го одолговлекуваа неговото носење преку неодговорно однесување во Собранието“ порача Филипче.
Треба да знаете
Последни објави