Search

Лајн: Значителни разлики со Велика Британија, преговори утре

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајн изјави дека сè уште има „значителни разлики” во ставовите на Брисел и Лондон и оти договорот за Брегзит нема да биде можен доколку не се решат тие разлики.

Фон дер Лајн денеска разговараше со премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон.

Во заедничко соопштение по разговорите се истакнува дека е постигнат напредок во многу области, но не и во клучните три – еднакви услови, управување и риболов.

– Двете страни нагласија дека ниту еден договор не е изводлив доколку овие прашања не се решат. Препознавајќи ја сериозноста на овие разлики, се согласивме дека нашите преговарачки тимови треба да направат дополнителни напори за да проценат дали може да се решат, се вели во соопштението.

Претседателката на Европската комисија вели дека главните преговарачи на Брисел и Лондон ќе се сретнат утре во Брисел, и оти таа повторно ќе се слушне со премиерот Џонсон во понеделник вечер.

Главните преговарачи на Брисел и Лондон, Мишел Барние и Дејвид Фрост вчера заклучија дека „нема услови за напредок во преговорите” и паузираа во дијалогот за идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија.

Треба да знаете
Последни објави