Search

Во Италија за еден ден починале 662 лица од коронавирусот

Во таа земја во последните 24 часа од последиците на инфекцијата со коронавирус починале 662 лица, додека заразени се 21.052.

Ден претхнодно бројот на новозаразени бил 24.099, додека починале 814.

Во Италија од почетокот на пандемијата починале 59.514 луѓе, а до сега се заразиле 1,71 милион лица.

Во изминатите 24 часа се тестирани 194.984 луѓе.

На болничко лекување сега се наоѓаат 30.158 пациенти заразени со коронавирус, што е помалце за 1.042 во однос на еден ден претходно.

Треба да знаете
Последни објави