Скопските населби Аеродром и Ново Лисиче попладнево се без парно греење. Како што информираат од БЕГ, причината е дефект на топланата Исток. Се работи на отстранување на дефектот. Сите други топлани во Скопје функционираат нормално и без застој, велат од БЕГ.