Search

Поденесени кривични пријави против сите директори на белградските основни и средни училишта

Директорите на 280 белградски училишта деновиве даваат изјави во полиција поради почитувањето на законот. Раководството на еден од регистрираните синдикати во Србија, Сојузот на полициски работници, поднело кривични пријави против сите директори на белградските основни и средни училишта, пренесува РТС.

Причина е тврдењето дека тие незаконски ги принудуваат децата и вработените во училиштата да носат заштитни маски и со тоа ги загрозиле нивните животи.

Во време кога се зголемуваат мерките за епидемија поради зголемениот број болни и мртви, српското  обвинителство веднаш ѝ наложило на полицијата да ги провери наводите за кривичните пријави, а директорите да бидат сослушани. Директорот на гимназијата во Земун веќе бил во полиција за да даде изјава.

“Сè уште сум во шок. Да направам нешто според законот, апсолутно применувајќи ги сите предложени мерки, да направам сè за да ги заштитиме животите и на учениците и на вработените, а потоа да добијам кривична пријава”, вели Милош Бјелановиќ, директор на гимназијата во Земун.

Како што пренесуваат локалните медиуми за денеска е закажан состанок помеѓу директорите и министерот за образование.

Треба да знаете
Последни објави