Search

Албанка заразена со Ковид не седела во изолација, се шетала низ Тетово

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Џ.(72) од Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување на заразна болест”.

На 15.11.2020 во Тетово, во домот каде престојувала пријавената со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат за изолација во домашни услови, од полициски службеници биле извршени проверки и било констатирано дека не се наоѓала во домот, со што ги прекршила прописите издадени од надлежен орган за спречување на пренесување на заразната болест Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави